Свет britney-spears-ooh-la-la-the-smurfs-2-soundtrack-new-song-2013

19 април, 2013

Бритни пее песна за „Штрумфовите“

Песната која Бритни Спирс ја најави како песна за „нејзините момци“ е една од нумерите кои ќе се најдат на саундтракот за продолжението на филмот „Штрумфови 2“. Песната „Oh La La“, ќе се слушне на одјавната шпица на филмот, а продукцијата е на Лукас (Д-р Лук), со кој Спирс соработуваше за нејзиниот албум „Femme Fatale“.

„Штрумвофите ги сакав уште како дете, а моите синови се најголемите фанови на овој цртан филм. Сакав да ги изненадам со песна во филмот. Знам дека ќе мислат дека е штрумфастична!“ – изјавила Бритни.

Покрај Бритни, Штрумфовите имаат уште една поп дива во екипата, а тоа е Кејти Пери, која повторно ќе го позајми гласот за Штрумфета. Во продолжение погледнете го промотивниот трејлер за филмот.

 



Врати се горе ↑