Аудио 1017170_10151689360978234_698782688_n

18 јуни, 2013

Бритни ја претстави песната за „Штрумфовите“

Како што беше најавено во месец април, поп принцезата Бритни Спирс отпеа песна за второто продолжение на филмот „Штрумфови“, а „Oh La La“ веќе “протече“ на почетокот на мај, но набрзо беше отстранета од интернет. Сега, од саундтракот за овој филм закажан за 31-ви јули, претставени се две песни.

„Oh La La“ од Спирс и „Vacation“ од женската група наречена G.R.L. се првите две песни од ова издание, на кое меѓу другите ќе се најдат и изведбите на Нели Фуртадо, Аул Сити и Рајт Сед Фред. Во продолжение преслушајте ги двете нови песни и целосната листа на песни кои ќе се најдат на ова „штрумфастично“ издание.

 

1. Britney Spears – “Ooh La La”
2. G.R.L. – “Vacation”
3. Becky G featuring Austin Mahone – “Magik 2.0”
4. Owl City – “Live It Up”
5. Sophia Black – “Everything Breaks”=
6. Cady Groves – “Forget You”
7. Kiana Brown – “Hey Chica”
8. Nelly Furtado featuring Ace Primo – “High Life”
9. Buckwheat Zydeco – “Tutti Frutti”
10. Right Said Fred – “I’m Too Smurfy”

Извор: Idolator

 

 



Врати се горе ↑