Концерт

23 февруари, 2018

Британската атракција „Тексас“ и Дарко Рундек на „Скопје колинг 2018“

После долги години обидување, конечно една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња „Тексас“ (Texas) за првпат доаѓа на Балканот, соопштија од „Авалон“. Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23 јуни, на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг 2018“.

 

„Тексас“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40-милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната британска топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот  и 8 албуми меѓу најдобрите десет на британската листа, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

 

Се разбира дека пејачката Шарлин Спитери (Sharleen Spiteri) ги носи во Скопје сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Son“, „In Demand“ и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации.

Покрај „Тексас“, истата вечер на „Скопје колинг“ ќе настапи и еден од најголемите фаворити на сите времиња од поранешните југословенски простори на канцеларијата на „Авалон“, како и на македонската публика, Дарко Рундек, кој ќе настапи со својот бенд со најголемите хитови, што значи дека саботната вечер ќе биде вечер на уживање за сите генерации.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 6 март, во 21 часот.



Врати се горе ↑