Аудио

22 април, 2016

Брилијантна инструментална верзија на хитот „Во бестрага“ од Брејк

Популарната песна „Во бестрага“ од Брејк доби нова брилијантна инструментална верзија. Преработката е направена од страна на македонскиот музичар и продуцент Васко Белески, кој неуморно и без престан создава и твори. Доволно само еднаш да ја слушнете оваа инструментална верзија и веднаш ќе ве освои со нејзините звуци кои го топат срцето.

Овој македонски музичар како да не знае за доста, а и самите сме сведоци дека безрезервно е посветен на музиката и секојдневно можеме да слушнеме по некоја нова мелодија со што ги освојува и срцата на пошироката јавност.

Инаку, Белески подготвува голем музички проект, насловен како „Македоника“, а сите собрани средства ќе бидат наменети за децата без родители како и за оние на кои им е најпотребна помош.

Слушнете ја оваа мелодија и уживајте во одличните звуци кои со сигурност ќе ве освојат и ќе ве опуштат…



Врати се горе ↑