Видео

3 јули, 2019

„Бревис“ го освежи „Латино-цедето“ на Александар Митевски

„Бревис бенд“ летово го започна со интересен проект со преработки на македонските хитови, а откако спои 11 од нив во 4 минути, на ред дојде и освежената верзија на „Латино цеде“, една од најпознатите песни на Александар Митевски, сместена на неговиот албум „Диско“ од 2001 година.

На вокалистот Мартин Иванов и клавијатуристот Никола Николовски, кои го сочинуваат јадрото на „Бревис бенд“, за преработката на „Цедето со латино“ им се придружија виолинистот Димитар Михајловски и гитаристот Бојан Дичоски, како и Иван Јамандиловски, кој се погрижи за аудиото, и со Алек Тасевски, чиј потпис стои на видеото. Заедно со момците, во видеото се појавуваат и Пале Манева и Мартина Костандинова на виолина, а крајниот резултат на оваа музичка дружина ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑