Свет suede

3 февруари, 2014

Брет Андерсон: „Суед подготвува нов албум“

Фротнменот на легендарниот британски бенд Суед, Брет Андерсон најави дека подготвуваат нов албум. Имено, во разговорт со британскиот магазин New Musical Express по повод серијата добротворни концерти за фондацијата Teenage Cancer Trust, Андерсон изјавил: „Во моментов сме зафатени со пишување… многу сум горд на албумот ’Bloodsports’, а најдоброто нешто во врска со него е тоа што покажа дека и понатаму можеме да правиме нова, релевантна музика. Сакаме да продолжиме со пишување, но и да одиме понатаму, така што сега работиме нешто поинакво. Мислам дека тоа ќе биде објавено следната година, а со оглед на тоа што сме во фаза на пишување, мислам дека би било реално ако кажам дека новиот материјал ќе излезе во текот на 2015 година.“

Исто така, Андерсон ги негираше шпекулациите дека во групата ќе се врати некогашниот гитарист и автор Бернард Батлер: „Не верувам дека тој сака да се врати во бендот. Тој е среќен со својот нов живот.“ 

По паузата од 10 години, последниот шести студиски албум „Bloodsports“ го објавија во март минатата година, а како синглови беа претставени темите „It Starts аnd Ends with You“, „Hit Me“ и „For The Strangers“.

 

 



Врати се горе ↑