6 ноември, 2012

Бренди се враќа со уште еден спот

Американската пејачка Бренди неодамна го издаде нејзиниот шести студиски албум „Two Eleven“ кој беше најавен со првиот сингл „Put It Down“ во соработка со Крис Браун, а деновиве го промовираше и видео записот за нејзиниот втор сингл „Wildest Dreams“. Песната е во нејзиниот препознатлив стил, одлична Р’н’Б нумера со интересен видео запис. Изненадувачки е фактот што Бренди одлично ја совладала кореографијата носејќи високо струкирани панталончиња со што докажа дека сè уште е во одлична форма.

Доколку не сте го виделе и спотот за „Put It Down“, гледајте го во продолжение.

 



Врати се горе ↑