Балкан slika-lepa-brena

19 јули, 2013

Брена ќе снима „Ајде да се сакаме 4“

Познатата балканска ѕвезда Лепа Брена ќе сними и четврт дел од серијалот „Ајде да се сакаме“, пренесуваат спрските медиуми. Од овој серијал беа претставени три дела снимени кон крајот на осумдесеттите години, а четвртиот дел ќе започне да се снима следното лето во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Пејачката и порано изјавила дека би сакала да сними уште некој дел од филмот, но дека го чека вистинското сценарио, како и тоа дека снимање на филм не е „ефтина работа“.

Спрски Блиц пишува дека едно сценарио напишал Емир Хаџихафизбеговиќ, а ќе игра и улога на келнер-иселеник кој се впушта во авантура со Брена на турнеја и со крадци на охридски бисери. Второто сценарио го потпишуваат Саша Поповиќ, Жика Јакшиќ, Саша Пантиќ и Владимир Ѓуриќ Ѓура, чиј заплет е љубовна приказна на двајца млади луѓе кои сакаат народна и рок музика, а потоа се расправаат околу изборот на музика за свадбата.

Во филмот ќе играт најбараните српски актери, а весникот додава дека две улоги се наменети и за ѕвездите од ГрандМилица Тодоровиќ и Стево Анѓелковиќ, кои играле и во операта „Дом за бесење“ на Кустурица.

 

 



Врати се горе ↑