25 септември, 2014

Бремената Бијонсе во видео записот за „On The Run“

Бијонсе и Џеј Зи претставија нов видео запис со кој го најавуваат својот документарен филм за „Ејч-би-оу (HBO)“, снимен за време на нивната неодамна завршена турнеја „On The Run“. Во 7-минутното видео се вметнати и некои приватни снимки на семејството Картер, а на една од нив може да се види Бијонсе додека била бремена со ќеркичката Блу Ајви. Останатиот дел се состои од изведби на песните „Forever Young“ и „Halo“, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

По заедничката турнеја, од неодамна се шпекулира дека брачната двојка ќе сними и заеднички албум. Првичните информации се однесуваа само на нов албум на Бијонсе, но според изјавата на водителот на радиото „Деш“, диџеј Ски, новото издание на пејачката ќе се состои од дуети со нејзиниот сопруг. Во изјавата, која можете да ја слушнете во продолжение, диџеј Ски вели дека ја дознал оваа вест од извори блиски на познатите музичари.

 

 

 

 



Врати се горе ↑