Аудио brejk-bolis

18 декември, 2013

Брејк се враќа со „Болиш“

По подолга пауза од музичката сцена, Дарко Гелев – Брејк денеска ја претстави својата нова песна. Станува збор за баладата насловена „Болиш“, која уште од прво слушање може да се смести меѓу неговите најголеми хитови како што се „Јас сум таков и таков сум бил“, „За нас“, „Во бестрага“, „Сети се“… Новата песна е снимена во студиото „Торус“  на Александар Митевски, заедно со Симон Киселички (пијано), Бобан Василески (гитара), Трајко Симоновски – Таци (бас), Далибор Грубачевиќ од Хрватска (оркестрација) и гудачкиот квартет 4 Стрингс, а за пост-продукцијата беше задолжен Бобан Апостолов (LoopsLab).

Како звучи оваа одлична балада можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑