)

13 март, 2014

Брејк го претстави видео записот за „Болиш“

Кон крајот на минатата година, по подолга пауза Брејк се врати на музичката сцена претставувајќи ја прекрасната балада „Болиш“, снимена во соработка со Александар Митевски, кој ги потпишува музиката и аранжманот, а текстот е на самиот Брејк, додека за оркестрациите се погрижи Далибор Грубачевиќ од Хрватска. Оваа песна деновиве доби и свое видео издание за кое се погрижи 3D Project Studio од Скопје, а во режија на Милчо Узунов. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑