Балкан Goran Bregovic - Горан Бреговиќ

30 декември, 2012

Брега за Нова Година ќе му пее на Владимир Путин

Балканската ѕвезда Горан Бреговиќ за Нова Година ќе настапува пред претседателот на Русија, Владимир Путин и неговата сопруга Људмила на приватна забава во Москва, пренесува 24sata.info. На оваа забава ќе присуствуваат уште 14 парови, а Брега за една вечер ќе заработи 120 000 евра. Заедно со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, на бината ќе бидат и познатиот џез музичар Дизи Гилеспи, а ќе настапат и педесетина други познати музичари. Овој настап дефинитивно ќе биде еден од најуспешните на Брега, барем кога станува збор за публиката пред која ќе настапува.



Врати се горе ↑