Балкан 20028_640

6 ноември, 2012

Брега за 120 000 евра за Нова Година во Москва

Рекордни 120 000 евра ќе наплати балканската легенда Горан Бреговиќ за неговиот настап за пречек на Нова Година во главниот град на Русија, Москва. Бидејќи се наближуваат празниците, познатите музички имиња веќе се во преговори за најлудата ноќ, а некои веќе ги знаат локациите и сумите кои ќе ги добијат за настапите во текот на таа ноќ.

Иако оваа вест не е потврдена од неговиот менаџер, празниците се ближат, па наскоро и дефинитивно ќе дознаеме кој, каде и за која сума ќе настапува за претстојните новогодишни празници. Во продолжение слушнете една од новите песни на Брега, „Балканерос“ во соработка со Џипси Кингс, нумера која се наоѓа на неговиот најнов албум „Шампањ за циганите“.

Извор: спрски Блиц

 



Врати се горе ↑