Балкан Goran Bregovic - Горан Бреговиќ

29 јануари, 2013

Брега од април ќе го снима филмот „Кармен со среќен крај“

Балканскиот музичар Горан Бреговиќ кој во моментов е на голема турнеја, на пролет би требало да почне да го снима неговиот прв филм „Кармен со среќен крај“, чие сценарио го напишал самиот тој, пишува спрски Блиц. Како што самиот Брега изјавил, целата своја турнеја ја посветил на промовирање на ромската култура, па така заради филмот го научил и ромскиот јазик. Сценариото е направено врз основа на истоимената опера, а според некои наводи, снимањето почнува веќе во април, најверојатно во Србија. Судејќи според некои најави, можно е на лето Бреговиќ да настапи во Белград.

„На последниот концерт во Париз дојдоа сите мои европски агенти, меѓу кои и Рака Мариќ и директорот на Сити Рекордс – Бане Стојановиќ. Рака би сакал концерти во Белград, Пула и Сплит. Јас не сум проблем, во Белгад би дошол со трчање, но комплицирано е да се вклопат и музичарите кои гостуваат на албумот за да се појавиме сите заедно на сцена.“ – изјавил Бреговиќ.

Инаку, операта по која се работи сценариото е едноставна, со две женски улоги и стандарден оркерстар, а се завршува со хепиенд. Единствената врска со оригиналната опера „Кармен“ е сцената со конфилктот помеѓу ромските и полициските трубачи кои свират мотиви од операта на Бизе.

Извор: Blic

 



Врати се горе ↑