Балкан Goran Bregovic - Горан Бреговиќ

21 јануари, 2013

Брега на италијанците им продал плагијат

Легендарниот балкански музичар Горан Бреговиќ напиша химна за претстојното Светско првенство во нордиско скијање во Италија за што добил хонорар од 84.700 евра, но многумина не се задоволни со песната која потсетува на хитот „Хајдемо у планине“ од Бјело дугме. Италијанците прво полемизирале околу цената која е платена на Бреговиќ за оваа песна, а потоа лути што истата беше објавена на интернет, пред Светското првенство кое почнува на 20 февруари.
 
Сега кога химната се појавила во јавноста, многу се разочарани затоа што во песната се зборува за „бакарданик, вино и љубов во колиба“, а никаде не се споменува местото на одржување на спортска манифестација, Пјаца Дуомо во Трентина. Бреговиќ химната ја снимил со 50 музичари и 70 италијански пејачи, а самата песна многу потсетува на стариот хит „Хајдемо у планине“. Во продолжение преслушајте ја химната за претстојното првенство.

 



Врати се горе ↑