Балкан brega

22 октомври, 2013

Брега ќе ја компонира евровизиската песна за Украина

Шефот на Оркестарот за свадби и погреби, Горан Бреговиќ добил нарачка од Украина за да ја компонира песната со која оваа земја ќе се претставни на Евросонг следната 2014 година, пренесува спрскиот весник Новости. Некогашниот лидер на легендарната група Бјело дугме, поради бројните обврски се обидел да ја одбие оваа понуда барајќи висок хонорар од 50 000 евра, но Украинците веднаш ја платиле оваа сума, така што Брега немал излез од оваа ситуација. Изведувачот на песната со која Украина ќе се претстави в’година ќе го одбере самиот Брега.

Музичарот во моментов се наоѓа на светска турнеја на која го промовира албумот „Шампањац за Цигане“, во петокот одржал спектакуларен концерт во Мексико Сити, а потоа ќе продолжи со настапи во Чешка, Словачка и Украина. Во меѓувреме Брега се подготвува и за донаторската вечер „Saso mange“, која ќе се одржи на 19-ти декември во сараевска „Зетра“, кадешто ќе ги собере најголемите регионални ѕвезди и светски познати музичари. Овој настан е организиран за материјална помош за учениците и студентите од ромска националност во Босна и Херцеговина, во рамките на неговата фондација.

 



Врати се горе ↑