Концерт

2 декември, 2018

Брега и Македонската филхармонија го носат светскиот спектакл „Три писма од Сараево“ во Скопје

Најголемата активна ѕвезда од Балканот ширум светот, познатиот и популарен Горан Бреговиќ конечно го носи својот најуспешен проект „Три писма из Сарајева“ и во Скопје, на 22 март во арената „Борис Трајковски“, соопштија од „Авалон“.

Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Три писма из Сарајева“ е најпродаван етно-албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Фотографија на Avalon Produkcija.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други, па така со гаранција предвидуваме незаборавна вечер во Скопје на 22 март.  Од регионот, Горан Бреговиќ настапува во Белград на 15 декември придружуван од Белградската филхармонија.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во понеделник наутро (03.12) преку продажната мрежа на „Авалон“ и онлајн на avalon.mk, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР 1 (седење)- 1.500 денари
ПАРТЕР 2 (седење)- 1.200 денари
ПАРТЕР 3 (седење)- 1.000 денари
ТРИБИНИ- 700 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS- 1.000 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS- 1.200 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП- 1.500 денари (блок 13)



Врати се горе ↑