Балкан 239989505

9 јули, 2013

Брега и Чола барале оромни суми за учество во „X Factor“

Како што е познато, популарната музичка емисија „X Factor“ од октомври ќе почне да се емитува на српската телевизија Пинк, во реализација на МБК продукција. За сега е потврдено дека еден член од жирито ќе биде хрватската пејачка Северина Вучковиќ, а едно од четирите столчиња ѝ е понудено и на Цеца, како и колегите Горан Бреговиќ и Здравко Чолиќ. Но, како што пренесува српски Свет, според неофицијалните информации, двајцата музичари во преговорите со продукцијата побарале доста големи суми за учество во популарната емисија.

„Горан Бреговиќ побара 100 000 евра за учество, а дополнителни проблеми се и неговите бројни работни обврски. Од друга страна, од тимот на Здравко Чолиќ побараа хонорар од 200 000 евра! Освен Северина која сигурно ќе биде судија, при крај се и преговорите со една српска актерка, а се очекува и потврда од една позната личност од Босна.“ – вели за спрски Телеграф изворот близок на продукцијата на „X Factor“.

Според правилата на емисијата, жирито ќе биде составено од четири члена, а секој судија истовремено ќе му биде и ментор на еден од учесниците, а членовите на жирито меѓусебно ќе се натпреваруваат со своите тимови, што го прави овој натпревар уште поинтересен. Како што е познато, аудициите за првата сезона од „X Factor“ ќе започнат во август, емитувањето на телевизија ќе почне од октомври, а финалето е планирано за февруари. Победникот ќе добие договор за водење на кариерата, кој е вреден повеќе од 200 000 евра, како и договор со продукциската куќа Sony Music.

Со оглед на тоа што во жирито ќе има ѕвезди од повеќето земји на поранешна Југославија, се надеваме дека барем едно столче ќе понудат на некој од нашите ѕвезди. Како што е познато, бројни македонски таленти и порано се пријавувале на музички емисии во регионот, па можеби и овој пат ќе имаме можност да видиме некој од нив.



Врати се горе ↑