Аудио the sound messengers

17 март, 2017

Бразилски продуценти направија ремикс на хит од Ерик Фокс и Симона

Еден од најпознатите хитови на „Саунд месенџерс“ – Love Me, доживеа свое реиздание и ексклузивно е изработен од едни од најпознатите диџеи и продуценти во Бразил и Јужна Америка, Хадсон Леиче и Тајлесон Пабло. Тие имаат ремиксувано повеќе од 200 песни на познати светски изведувачи, како што се Селена Гомез, Џејсон Деруло, Селин Дион, Џастин Бибер и уште многу други.

„Од целиот репертоар на нашите авторски песни, најмногу им се допадна ’Love Me’ и оттаму инспирацијата за ремикс на истата во две верзии – радиска и, се разбира, клупска“, вели диџејот Ерик Фокс.

Ремиксот својата промоција веќе ја доживеа во Бразил, а од денес ќе ја слушаме и во нашиот етер.



Врати се горе ↑