Аудио

21 јуни, 2019

Бразилската ѕвезда Анита им се придружи на „Мејџор лејзер“ за „Make It Hot“

Популарната бразилска пејачка и актерка Анита полека се стекнува и со светска слава, сето тоа благодарение на бројните соработки и гостувања кај колеги како што се Малума, Снуп Дог, Џеј Балвин, Најл Роџерс и Мадона (за актуелниот албум „Madame X“), а сега на ред дојде да ги здружи силите и со американското електронско трио „Мејџор лејзер“.

Имено, 26-годишната ѕвезда веќе соработуваше со нив пред две години за темата „Sua Cara“, а штотуку објавената втора соработка го носи насловот „Make It Hot“ и е предвидено да се најде на долгоочекуваниот, четврт по ред и наводно последен албум на триото „Music Is The Weapon“. Како што и се очекува од „Мејџор лејзер“, песната е потенцијален летен хит, сооветен за танцување во претстојните летни денови, а како звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑