Аудио

28 декември, 2018

„Браво бенд“, освежени и со фанки-вибрации, порачуваат: „Уживај!“

„Уживај, не губи време, ајде, секој миг е вреден“, порачуваат момците од „Браво бенд“ во својата нова песна насловена едноставно „Уживај“, која стигна навреме за претстојните празници. Исполнета со диско и фанки-вибрации, песна ќе придонесе за убавото расположение, сето тоа благодарение на гитаристот на бендот Драган Илиев (музика), Слободанка Марковачева – Илиева (текст) и Горан Гешовски (аранжман).

Со најновото освежување во составот, групата сега ја сочинуваат: вокалистот и басист Кире Денов, тапанарот Дејан Младеновски, гитаристот Драган Илиев и клавијатуристот Мирослав Милковски. Имајќи го предвид фактот дека момците се постојано зафатени со настапи, новата песна засега нема официјална екранизација, но затоа дополнета е со текстуално видео, за побрзо да ги научиме стиховите, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение и, секако, „Уживајте“!



Врати се горе ↑