14 ноември, 2017

„Браво бенд“ го екранизираше хитот „Нај, нај“

Момците од „Браво бенд“ пред неколку месеци ја промовираа својата најнова песна насловена „Нај, нај“, која наиде на одличен прием кај публиката, а овој хит сега доби и своја официјална екранизација. За сето тоа се погрижи Јордан Манов, а во главната улога се појавува Марина Панова.

Инаку, автор на „Нај, нај“ е пејачот и басист на бендот, Кире Денов, кој ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се во соработка со Горан Гешовски. Како изгледа „Нај, нај“ на „Браво бенд“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑