13 март, 2017

„Брате мили“ – Нов дует на Ѓоко Јовиќ и Гоце Петрески

Популарниот македонски фолк пејач, Ѓоко Јовиќ, веднаш по враќањето од големата австралиска турнеја ја промовираше својата најнова песна која го носи насловот „Брате мили“, а е снимена во дует со колегата Гоце Петрески.

На емотивната балада „Брате мили“ како автори на музиката се потпишуваат самите Ѓоко Јовиќ и Гоце Петрески, текстот е на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Дамир Имери.

gjoko goce duet

За песната е снимен и видео запис на неколку атрактивни локации во Сиднеј под режисерската палка на Беби и Омер од продукцијата „М16“.

Како потсетување, Ѓоко Јовиќ, покрај македонските фолк песни, неодамна во соработка со продукцијата „Грант“ претстави нов материјал наменет за балканската публика, а неговата песна „Сутра је нови дан високо котира на топ листите на радио станиците во регионот.



Врати се горе ↑