5 септември, 2017

„Брас брадрс“ убиваат во име на…?

Битолската музичка дружина што веќе неколку години е виновна за одличните забави ширум Македонија, „Брас брадс“ (Brass Brothers) ја претстави својата нова преработка. Станува збор за одлична верзија на темата Killing In The Name Оf (1991) од американските рок легенди „Рејџ агенст д машин“ (Rage Against The Machine), а сето тоа е спакувано и со интересно видео, кое можете да го погледнете горе.

17156016_764314100394416_7251829367792361900_n

Инаку, „Брас брадрс“ се: Горан Мицевски – Кусио (тромбон), Пере Мелов (труба), Костадин Бетоски (алт саксофон), Мирко Митровски (тенор саксофон) и Никола Михајловски  – Слаткаро (диџеј, вокал). Бендот неодамна го прослави својот 4. роденден, а ако се прашуваме ние, најдобро од нив допрва следува! За сите новости на битолската дружина можете да се информирате на нивната официјална фан страница на Фејсбук, а со повеќе видеа уживајте на Јутјуб.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑