Македонија tavitjan-brothers

22 јануари, 2015

Браќата Тавитјан во ерменски туристички водич

Дека браќата Тавитјан се популарни и во земјата на нивните корени, доказ е тоа што се најдоа на насловната страница од официјалниот туристички водич на Ерменија, кој се користи во авионите на сите авиопревозни компании, во туристичките агенции и како рекламен материјал во сите хотели и туристички локации во целата држава.

Пред повеќе од една година, браќата Тавитјан за прв пат одржаа два концерти во земјата од која потекнуваат и си го остварија сонот.

Тие во изјава за „Вечер“ рекоа дека гостувањето во Ерменија за нив е остварување на долгогодишниот сон на четири генерации во Македонија. За нив концертите се меѓу најубавите кои досега ги имале и немаат зборови како да го опишат задоволството да се биде пречекан на највисоко ниво. Воодушевени од прекрасниот народ кој е со сличен менталитет како нашиот, тие за „Вечер“ велат дека Ерменија е  земја со фантастична култура на многу високо ниво.



Врати се горе ↑