Македонија 1012752_10152094306732289_938118685_n

10 ноември, 2013

Браќата Тавитјан со концерт во Карнеги хол

Браќата Тавитјан по фантастичните концерти во Швајцарија, Ерменија и Србија, на 24-ти февруари следната година ќе одржат целовечерен солистички концерт во најпрестижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк. „Карнеги хол“ е најреномираната концертна сала во светот со највисок рејтинг и во моментот е локација број 1 во која настапуваат врвни светски имиња од класичната, џез и популарната сцена. Досега во „Карнеги хол“ настапувале: Битлси, Боб Дилан, Лед Цепелин, Ролинг Стоунс, Пинк Флојд, Брус Спрингстин како и најврвните класични имиња како Френк Синатра, Оскар Петерсон,Чајковски, Ела Фицџералд и многу други.

Тавитјан на њујоршката публика ќе ѝ го презентираат новиот материјал кој се состои од обработки на класични дела од Бах, Моцарт, Чајковски, Рахманинов, како и нови авторски композиции и една македонска традиционална песна. Гости на концертот ќе им бидат клавијатуристот на Мајкл Џексон и Кристина АгилераМорис Плежр и џез-пејачката номинирана за Греми, Розен Витро, со по една композиција. Последниот настап на Тавитјан во Големото јаболко беше во легендарниот џез-клуб Блу Ноут.

„Исклучително сме возбудени што “Карнеги хол” ни ги отвори вратите, за нас овој концерт претставува можеби најголемиот успех во досегашната интернационална кариера и ќе дадеме сè од себе да ја претставиме Македонија во најдобро светло“ – велат Гаро и Диран за Вест.

По концертот во „Карнеги хол“ браќата Тавитјан ќе имаат концерт и во „Ројал Алберт хол“ во Лондон, а посебен куриозитет е дека тие се првите македонски музичари со концерт во оваа најреномирана британска концертна сала. По овие настапи следуваат концертите во Санкт Петерсбур и во Швајцарија. Во продолжение уживајте со видео записот за темата „New York“.

 

Извор: Вест/Фото: Фејсбук фан страница на браќата Тавитјан



Врати се горе ↑