Концерт Tavitjan-Brothers

22 мај, 2014

Браќата Тавитјан со концерт и албум со класична музика

Браќата Тавитјан објавуваат два ексклузивни концерти и промоција на новиот албум со наслов „Tavitjan Brothers play classics“ со врвни изведби на најпознатите дела на великаните на сериозната музика Бах, Моцарт, Шопен, Чајковски, Лист, Рахманинов и тн. во рафиниран и модерен џез израз.

Концертите ќе се одржат на 8 и 9 јуни во новиот Македонски народен театар и се со ограничен број на влезници. Тавитјан премиерно ќе го изведат новиот материјал во Македонија непосредно пред светската турнеја која започнува со нивниот концерт во најпрестижната сала во светот  „Карнеги Хол” во Њујорк на 17 јуни, по што следува и концерт во престижниот „Ројал Алберт Хол” во Лондон, Тавитјан се првите наши уметници со концерт во спомената локација.

Со секоја купена влезница посетителите ќе го добијат новиот албум на Тавитјан на подарок. Цедеата ќе ги добијат со приложена влезница во Македонскиот народен театар на самите концерти.

Поради настанатата непогода во соседството,  дел од приходот од  двата концерти ќе биде наменет за настраданите подрачја во Србија и БиХ во соработка со Српската амбасада во Скопје.



Врати се горе ↑