Македонија 10479710_10152226374791406_4915513682682166787_n

28 јуни, 2014

Браќата Тавитјан на албум во чест на Мајкл Џексон

По двата одлични и комплетно распродадени концерти во Скопје, браќата Тавитјан изминатиов период претстојуваа во Њујорк, каде што одржаа уште еден триумфален концерт во познатата сала „Карнеги Хол“ во срцето на Менхетен. Њујоршката бизнис елита, дипломатскиот кор и светски познати музичари беа дел од публиката која побара дури три биса за нашите најдобри промотори на македонската култура, пренесува Сител. Музичарите го претставија својот најнов проект „Тавитјан плеј класикс“, а со по една композиција гостуваа и познатиот џез пијанист Морис Плежр, џез легендата Розена Витро и Софија Кнежевиќ.

Диран и Гаро го искористија претстојот во САД и за снимање на нова песна и видео запис за претстојниот проект во чест на Мајкл Џексон, кој трагично почина пред точно пет години. На албумот посветен на легендарниот „Крал на поп музиката“ ќе се најдат неговите најголеми хитови отпеани од бројни светски познати ѕвезди, а браќата Тавитјан се специјални гости на проектот благодарение токму на Плежр, кој бил дел од подготовката за последната, за жал неодржана турнеја на Џексон „This Is It“.

Браќата Тавитјан се и први македонски музичари кои со свој концерт ќе се претстават и во најпрестижната лондонска сала „Ројал Алберт Хол“, по кој ќе следуваат и настапи во Рим,  Париз, Мадрид, Берлин, Србија, Хрватска и Словенија.



Врати се горе ↑