Македонија 1620749_10203306370050506_928685989_n

4 април, 2014

Браќата Тавитјан, Џафер, Лозано и Ребека со песна за децата со аутизам

Браќата Диран и Гаро Тавитјан ја напишаа композицијата насловена „Во мојот свет“, која им е посветена на децата со аутизам. Текстот е на пејачката Фани Христова, а ја пеат Влатко Лозаноски-Лозано, Мики Јовановски-Џафер и Ребека. Песната била претставена на 2 април во трговскиот центар „Сити Хол“ на настанот по повод Меѓународниот ден за борба против аутизмот, во организација на здружението кое го носи истото име како и песната, „Во мојот свет“, а во план е снимање на видео запис кој ќе биде претставен наскоро.



Врати се горе ↑