Македонија

16 февруари, 2017

Браќата Нуне го продолжуваат проектот започнат со Есма Реџепова

Браќата Нуне (Nune Brothers), во соработка со „ВС продукција“, во вторникот во МНТ снимија дел од спотот за песната „Латино у моди“, заедничка песна со Есма Реџепова Теодосиевска. Овој проект беше започнат кон крајот на минатата година, но прво болеста, а потоа и смртта на Есма, не дозволија целосна негова реализација, така како што беше планирано.

Nune spot 2

„Токму овој спот, кој што го снимавме во вторникот, за една од песните, прво е изразување на огромна благодарност кон мама Есма за сè што направи за нас и за музиката, додека соработувавме заедно. Таа сега ќе пее од небото, од рајот, а наша должност е да ги реализираме сите наши заеднички планови. Ќе биде тешко без неа, но наша е честа да се работи на целиот овој проект“, велат Филип и Раде Нуневски.

nune spot 1

Спотот е во продукција на Дарио Јанковиќ, со подршка на „ВС продукција“, чии што ексклузивци се Раде и Филип (Nune Brothers), а деталите за промоцијата ќе бидат објавени наскоро.

Nune spot

 



Врати се горе ↑