Видео

2 март, 2019

Браќата Џонас се враќаат со „Sucker“

Поминаа шест години откако тројцата браќа Џонас одлучија секој да замине по свој пат, односно да се посвети на семејството (Кевин), да гради соло-кариера (Ник) или да продолжи да твори како дел од друга група (Џо со „Ди-Ен-Си-И“). Но, триото сепак сфати дека „заедно сме посилни“, па одлучи да си даде уште една шанса, а како вовед во сето тоа го имаме повратничкиот сингл насловен „Sucker“.

Jonas Brothers

„Убаво е што конечно можеме да кажеме за нашето враќање на сцена. Сè држевме во тајност речиси седум-осум месеци“, открија некогашните Дизниеви ѕвезди, кои за новиот сингл ги здружија силите со хитмејкерот Рајан Тедер (Уан репаблик) и продуцентот Френк Дјукс, а за нештата да бидат уште поинтересни, во придружното видео се појавуваат и нивните парнерки Даниел Џонас, Пријанка Чопра Џонас и Софи Тарнер. 

Image result for jonas brothers sucker

Сè уште нема официјална потврда дали можеме да очекуваме нов албум, но сето тоа ќе го откријат во текот на следната недела, во рамките на целонеделното гостување во емисијата на Џејмс Корден, што ќе вклучува и караоке во автомобил. Додека очекуваме повеќе детали за идните планови на браќата Џонас, во продолжение уживајте со нивниот повратнички сингл „Sucker“!



Врати се горе ↑