Концерт

13 март, 2018

Брајан Фери на 9 септември во Скопје

Човекот наречен „King of the cool“ – Брајан Фери (Bryan Ferry) доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Рокси мјузик“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy...), како и песните од последниот негов албум „Avonmore“, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена, соопштија од „Авалон“.

„Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на ’Авалон продукција’, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9 септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонската филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда!“, велат од продукцијата.

Брајан Фери e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија! Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 20 април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот сервис за влезници – www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарницата на Македонската филхармонија.

Се разбира дека и во периодот до 20 април ќе можете да вршите резервации на следниве телефонски броеви: 070 260 350 и 078 365 245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

ВАЖНО: Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 ВЛЕЗНИЦИ!



Врати се горе ↑