Свет bryan-adams

10 ноември, 2012

Брајан Адамс наскоро ќе стане татко по втор пат

Канадскиот поп пејач Брајан Адамс и неговата партнерка Алиша Грималди го очекуваат нивното второ дете. Двојката која минатата година ја доби ќерката Мирабела Бани Грималди Адамс, а сега има 18 месеци, за магазинот Пипл (People) ја потврди веста дека семејството ќе се зголеми за уште еден член во следната година.

Инаку, Адамс ќе ја започне американската турнеја во декември, каде што ќе ги изведува најголемите хитови од неговите албуми како што се „You Want It You Got It“, „Cuts Like a Knife“, „Reckles„, „Into the Fire“, „Waking Up the Neighbours“ и други.

 

 



Врати се горе ↑