Свет Susan-Boyle

2 март, 2013

„Божиќно“ филмско деби на Сузан Бојл

Како што пренесува магазинот Idolator, шкотската пејачка која светот ја запозна како натпреварувач на шоуто „Британија има талент“ во 2009 година, кога се претстави со песната „I Dreamed a Dream“ од „Клетници“, во моментов го снима нејзиниот прв филм.

Станува збор за филмот „The Christmas Candle“, приказна за „англиско дело во 1890-тите години, каде што благословени свеќи одговараат на молитвите од жителите“ – пишува Broadway.com. Покрај Бојл, во филмот ќе игра и ѕвездата на оскаровскиот филм „Клетници“, актерката Саманта Бенкс. За сега не се познати многу детали околу ликот на Сузан, како и тоа дали ќе пее во овој британски филм, чија приказна е адаптирана според новела од авторот Макс Лукадо, а својата премиера ќе ја доживее при крајот на годинава, непосредно пред божиќните празници.

Од нејзиното појавување на музичката сцена, Сузан Бојл има снимено четири студиски албуми, а два пати била номинирана за Греми награда. Во продолжение да се потсетиме на нејзиниот прв настап пред светот.

 

 



Врати се горе ↑