Концерт 10610902_10153818428538011_2521629817190909455_n

4 јануари, 2016

Божиќен концерт на Македонската филхармонија

И оваа година, по повод големиот христијански празник Божиќ, Македонската филхармонија подготвува симфониски концерт со пригодна програма. Под палката на маестро Саша Николовски-Ѓумар, на 7 јануари во Македонскиот народен театар во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе: свитата „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Александар Боеодин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Александар Глазунов, „Валс – фантазија“ од Михаил Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Модест Петрович Мусоргски.



Врати се горе ↑