Аудио christmas-music_01_94139c

4 јануари, 2017

Божиќен албум од Андријана Јаневска и нејзините студенти

Андријана Јаневска и нејзините студенти по соло пеење од катедрата за популарни жанрови при ФМУ решија да нè израдуваат со празничен албум. Станува збор за колекција од осум празнични класици, меѓу кои „Jingle Bells“, „White Christmas“, „Deck the Halls“ и „Santa Claus Is Coming to Town“, во изведба на Елена Петреска, Елена Миленковска, Викторија Чочороска, Лина Авшар, Ивана Симоска, Ивана Стојановска и Рахела Димитриевска, како и самата Андријана Јаневска, која го препеа познатиот хит на Мараја Кери, „All I Want For Christmas Is You“.

Ова не е прв пат за познатата музичарка да снима празнични теми. Заедно со колешката Тања Станковиќ, таа ја отпеа и македонската верзија на „Silent Night“, односно „Тивка ноќ“, а пред две години со Мијата празниците ни ги честитаа со „Еден ден“.

Новиот божиќен албум на Јаневска и нејзините студенти е снимен во студиото „Гиновски“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑