Промоции

6 март, 2019

Божидар Николовски ќе го промовира вториот сингл „Свој“

Младиот битолски музичар Божидар Николовски денеска ќе ја промовира својата втора песна насловена „Свој“, која доаѓа по минатогодишното првенче „Да си моја“, наградено со две признанија на ланскиот „Канео-фест“ во Охрид. Автор и на овој нов сингл е Мими Марковски, чиј потпис стои на музиката, стиховите и на аранжманот, но „замешал прсти“ и самиот Божидар.

„Морам да признаам дека во пишувањето на текстот замешав прсти и јас и морам да кажам дека мојата нова песна ме опишува во целост“, откри битолскиот Синатра, кој пред неколку месеци нè почести и со одличната преработка на „Fly Me To The Moon.

„Свој“ ќе стигне во комплет со видео продуцирано од Дејан Трајчевски, а освен на официјалната промоција во Битола (во „Центар лаунџ енд фреш бар“ со почеток во 19.00 часот), песната ќе биде објавена на неговиот канал на Јутјуб во 20.00 часот.



Врати се горе ↑