Балкан BiH

20 ноември, 2014

Босна и Херцеговина нема да учествува на Евросонг 2015

Иако беше најавено враќање на евровизиската сцена, Босна и Херцеговина сепак нема да учествува на јубилејното 60-то издание на Изборот за песна на Евровизија, кој следната година ќе се одржи во Виена, Австрија. Имено, босанската национална телевизија деновиве испрати соопштение во кое се наведува дека со оглед на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа националниот сервис на БиХ и драстичниот пад на наплатата на радиодфузната такса, единствен начин Босна да учествува на натпреварот е да се пронајдат потребните средства од страна на спонзорите.

Националната телевизија БХРТ за жал не успеа во предвидениот рок да ги најде потребните средства, па така Евровизија и втора година по ред ќе биде без Босна и Херцеговина. Радио-телевизија Босна и Херцеговина, како полноправна членка на Европската унија на јавни емитери, нема да има свој претставник на 60-от Евросонг кој ќе се одржува во Виена од 19 до 23 мај 2015 година”, стои во соопштението од националниот сервис.

Земјата последен пат учествуваше на Евросонг во 2012 година, кога познатата кант-авторка Маја Сар се натпреваруваше со песната „Кораке ти знам“.

 



Врати се горе ↑