Балкан 10402_10151356588075033_1135417534_n

24 декември, 2012

Босанскиот пејач Дин се враќа на сцената со нов сингл

Фуад Бацковиќ попознат под естрадното име Дин (Deen), по подолга пауза се враќа на музичката сцена со нов сингл, овој пат во соработка со Верена Церовин. Станува збор за нумерата „Воли ме хитно“, која беше промовирана неодамна. Дин ја претставуваше Босна и Херцеговина на Евровизија во 2004 година во Истанбул со песната „In The Disco“ со која го освои деветтото место, а исто така позната е и неговата соработка со Фанки Џи за нумерата „Ја имам неког“, која беше голем хит. Во продолжение преслушајте го новиот сингл на овој контроверзен пејач.

 

 



Врати се горе ↑