24 октомври, 2013

Борче од „Рафинерија“ ја преработи „Готово е“ од Тамара

Минатогодишниот макфестовски хит „Готово е“ во изведба на Тамара Тодевска, а потпишан од Роберт Билбилов (музика и аранжман) и Игор Џамбазов (текст), покрај наградата за најслушана песна меѓу два фестивала, како и ремикс верзијата, деновиве доби и преработка која ја направи Борче Димитров од групата „Рафинерија“.

Како што вели самиот Димитров, ова е поддршка за македонската музика и мал придонес за убавите нови песни да станат евергрини. Неговата верзија на оваа прекрасна балада доби и свое видео издание, кое го режираше Бобан Ефтевски од HD game продукција, а главната улога покрај Борче ја има турската актерка Мелек Мустафа. Аудиото е снимено во студиото „Саунд куест“ (Sound Quest), а Борче со „Рафинерија“, кои во март го претставија видео записот за темата „Играј“ во која гостува Сани, најавуваат и нова авторска песна до крајот на годинава.

Како звучи и изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑