29 септември, 2017

Борче Димитров го преработи детскиот хит „Прва љубов“ од Бојс

Борче Димитров од дуото „Рафинерија“ деновиве го промовираше видеото за преработката на детскиот хит „Прва љубов“, кој беше изведен на популарниот детски фестивал „Си-до“ во далечната 1993 година, а е авторско дело на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс.

„Јас сум пораснат со овој рефрен и ми беше и остана еден од подрагите. Токму заради тоа решив да ја обработам и да и дадам ново руво. Првично сакам да и се заблагодарам на сопругата на Бојс што ми даде дозвола да ја преработам оваа песна стара 24 години. За новиот аранжман и видеото се погрижи Драган Ристовски Дац, кадрите се снимени на Водно и одлично си поминавме на снимањето“, откри Борче, а неговата верзија на „Прва љубов“, оригинално отпеана од Елена Андреевска, Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑