Аудио 21342_bora-djordjevic-foto--emil-conkic_af

5 декември, 2012

Бора Чорба ја сними песната на Цеца

Пред две години Бора Ѓорѓевиќ во емисијата Магазин Ин ги рецитираше стиховите на песната „Ужасно ми недостаје“, која во тој момент била планирана за албумот на Светлана Цеца Ражњатовиќ, пренесува српска Трачара. Како што се вели “Не е за кој е речено, туку за кој е печено“, така оваа песна на крајот заврши на албумот на нејзиниот автор.

Цеца на крајот не ја ни снимила песната, бидејќи тогаш повторно започнала да соработува со Александар Милиќ Мили. „Ужасно ми недостаје“ сепак не влегла во изборот на песни за албумот „Љубав живи“, иако стиховите многу им се допаднаа на фановите на Цеца. Бора решил самиот да ја сними песната и тоа за новиот албум „Узбуна“ кој неодамна беше пуштен во продажба. Песната премиерно ја изведе во емисијата Ами Џи Шоу,  каде што откри дека верува дека токму оваа нумера ќе биде голем хит. Во продолжение слушнете ја несудената песна за Цеца.

Извор: Tracara.com

 

 



Врати се горе ↑