Аудио demi

13 мај, 2013

Бонус песна од Деми Ловато – „I Hate You, Don’t Leave Me“

Пред само неколку дена Деми Ловато претстави уште една песна од претстојното албумско издание „Demi“, закажано за 14-ти овој месец, кое го најави со првиот сингл „Heart Attack“, а сега на интернет се појави и песната „I Hate You, Don’t Leave Me“, која всушност е бонус песна од нејзиниот албум, но е достапна само на одреден број на примероци од албумот.

Станува збор за акустична балада во која Деми пее за збунетоста и стравот кои се неизбежен дел од вљубувањето, а таа одлично ги доловува тие чувства со нејзината искрена изведба. Како звучи песната можете да слушнете во продолжение, a сите 13 песни од новиот албум можете да ги преслушате на следниот линк.


 

 



Врати се горе ↑