Аудио article_big_1364210655tron-daft-punk

23 мај, 2013

Бонус песна од Дафт Панк: Слушнете ја „Horizon“

Бонус песната од јапонската верзија на новиот албум „Random Access Memories“ од групата Дафт Панк, веднаш по објавувањето на изданието за тамошниот пазар го пронајде својот пат на интернет. Нумерата насловена „Horizon“ е целосно инструментална која започнува со акустична гитара и е една од најопуштените и релаксирачки песни на тукушто објавеното издание, а можете да ја преслушате во продолжение.

 

Како што е познато, на новото издание меѓу другите учествуваат и Џулиан Казабланкас, Чили Гонзалес, Џорџо Мородер, како и Фарел Вилијамс кој гостува во хит синглот „Get Lucky“.

Минатата недела беше објавено дека се очекува Дафт Панк да го соборат рекордот кој своевремено го постави британската група Оејзис и да станат сопственици на најбрзо продаваниот албум во историјата на Велика Британија. Изданието „Be Here Now“ кое Оејзис го претставија во 1997 година беше продадено во 650 000 примероци во првата недела од објавувањето, а „Random Access Memories“ кој електро дуото го лансира на Амазон оваа недела, веќе го има најголемиот тираж во претпродажба во историјата, така што според британските кладилници дуото во моментов има големи шанси да го собори постоечкиот рекорд на Оејзис.

Извор: NME

 



Врати се горе ↑