Видео

5 јануари, 2019

„Бонгас и гитарес“ дебитираат со „Паѓам на спомени“

„Паѓам на спомени“ е првата авторска песна на неготинското инди-поп дуо „Бонгас и гитарес“ (Bongas And Guitares), која музичарите ја објавија непосредно пред крајот на минатата година. Автор на музиката е вокалистот и гитарист на дуото, Дејан Ѓорѓиев, а стиховите ги потпишува Ивана Димова, додека аранжманот е на Филип Стевановски. Сето тоа визуелно го дополни Лазар Сотиров, кој се погрижи за режијата и монтажата на видеото.

Фотографија на Bongas and Guitares.

Покрај Дејан, втората половина од дуото оформено во 2016 година е Лазар Сотиров (конги и тапани). Изминативе две години момците беа доста зафатени со настапи ширум Македонија, изведувајќи бројни домашни и светски хитови, а оваа прва авторска песна е одлично дополнување на нивниот веќе богат репертоар. Се надеваме дека авторското творештво уште повеќе ќе се зголеми во оваа нова година, а како звучи и изгледа првенчето на „Бонгас и гитарес“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑