Концерт 418235_3951701665770_336772127_n

1 ноември, 2012

Бон Џови ја започнуваат турнејата од Софија

Рок бендот Бон Џови на 14ти мај ја ззаминува на европската турнеја која ќе започне со концертот во Бугарија. Огранизаторите Balcan Music Entertainment потврдија дека бендот ќе настапи на стадионот „Васил Левски“ во Софија, а и самиот Џон Бон Џови во неговото обраќање преку YouTube.

Турнејата под мотото „Because we can“ ќе го промовира новиот албум на бендот „What about Now“, кој е закажан за следната година, но ќе ги изведуваат и нивните легендарни хитови како што се „Livin’ on a prayer“, „It’s my life“, „Always“, „Wanted dead or alive“, „Bad Medicine“…

Картите за концертот се во продажба од денес од 9 часот, а онлајн продажбата започнува во понеделник 5ти ноември, преку Eventim мрежата. Првите 500 карти ќе се продаваат со попуст од 10 лева (5€).

Редовната цена на влезниците е следната:

Seated Bronze – 79,00 лв.
Seated Silver – 89,00 лв.
Standing Regular – 99,00 лв.
Seated Gold – 109,00 лв.
Seated Platinum – 129,00 лв.
Standing Front Of Stage – 139,00 лв.
Diamond circle – 199,00 лв.
Seated VIP – 199,00 лв.

 



Врати се горе ↑