Концерт boki-humanitaren-koncert

13 февруари, 2015

Боки 13 организира хуманитарен перформанс за настраданите од поплавите

Македонскиот шоумен Боки 13 на 15 февруари (недела) во конгресниот центар „Александар Македонски (Универзална сала)” организира хуманитарен сценско-музички перформанс, чиј приход од продадените билети ќе оди за настраданите од поплавените подрачја во Македонија. Музичко – сценскиот настан ќе се темели на стенд-ап комедија составена од неколку различни сегменти од актуелните општествено-политички настани видени низ призмата на хуморот на самиот Боки 13, додека помеѓу нив публиката ќе може да ги проследи настапите на неколку македонски музички поп, рок и фолк ѕвезди: „Некст тајм“, Наум Петрески, Тамара Тодевска, Ламбе, Димитар и „Љубојна“.

Хуманитарниот музичко-сценски перформанс на Боки 13 и неговите музички гости ќе се одвива во Конгресниот центар „Александар Македонски” (Универзална сала), кој(а) исто така ја дава салата со целокупниот свој техничко-сценски и кадровски потенцијал без надомест, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. Билетите ќе бидат пуштени во продажба по цена од 250 денари и ќе можат да се набават на билетарницата на салата, како и во „Југотон” во ГТЦ -1 кат во Скопје.

„Секој еден што ќе почувствува и тронка хуманост во себе, нека го сподели ова видео! Да не заборавиме дека ова е единствениот хуманитарен настан за нашите сограѓани, во недела Ве очекува брутален стенд-ап и одличен музички дел со најреномираните пејачи од Македонија!“, порача Боки.

 

Покрај Боки и пријателите, хуманитарен концерт за нашинците во САД организира и Ристе Тевдоски, а настанот ќе се одржи на 27 февруари во Стерлинг Хајтс во Мичиген. За помош на семејствата од поплавените подрачја во тек е и хуманитарната кампања од Црвен крст, која ќе трае до 15 февруари, а сите кои сакаат да помогнат, можат да се јават на телефонските броеви: 070 143 400 / 075 143 400 / 077 143 400.

 



Врати се горе ↑