Видео

10 јули, 2018

Бока Димитров ја екранизираше „Ако не си моја“

Иако е објавена пред три години, темата „Ако не си моја“ на Борче Бока Димитров дури сега конечно доби свое видео. Зад визуализацијата на оваа песна стои „Д.Р.Д. медија“ на Драган Ристовски – Дац, кој освен што е режисер на видеото, се потпишува и како автор на музиката и аранжманот, додека стиховите ги напишал самиот Бока.

Снимањето се одвиваше на неколку локации во Скопје, а покрај Бока, во видеото се појавуваат и моделите Наталија Стојановска и Димче Димчевски, како и придружниот бенд што го сочинуваат: Горан Гешковски (бас), Стефан Стојановски (сакс), Влатко Пате (конги), Зоран Николовски (гитара) и придружните вокали Ангела и Ани.

Фотографија на Boka Dimitrov - Duo Rafinerija.

Како изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑