Македонија bojana-atanasovska

23 јануари, 2013

Бојана Атанасовска повторно во студио

Студиото на Роберт Билбилов ретко кога е празно. Тоа секако се должи на одличната музика која ја компонира за бројни музички имиња од нашата, но и балканската музичка сцена. Деновиве ја слушнавме новата песна на Аделина Таири, а според фотографијата која вчера ја објави Роберт на својот фејсбук профил, можеме да видиме дека по неколку години пауза ја обнови соработката со Бојана Атанасовска.

Бојана и Роберт соработуваа за нејзиниот втор албум „Во дилема“, издаден во 2008 година, на кој се најдоа многу хитови, меѓу кои и насловната нумера на која гостуваа Тони Зен и Анета Качуркова,  потоа „Нема јас да сфатам“ и други. Веќе е добро познато дека Роки е мајстор за хитови, па не се ни сомневаме во следното музичко парче што ќе го слушнеме од Бојана, а се надеваме дека тоа ќе биде наскоро. Последно што можевме да слушнеме од неа е песната „Остани со неа“, со која настапи на МакФест во 2011 година, а во продолжение да се потсетиме на големиот хит „Во дилема“.

 



Врати се горе ↑