Настани delcevo

26 ноември, 2015

Бојан Велевски гарантира смеење до солзи и во Скопје

Првата македонска стенд-ап турнеја „Tour de stand up” ќе го доживее своето финале за 2015 година. По успешните настапи на актерот и комичар Бојан Велевски низ 10 градови во Источна Македонија каде што присуствуваа повеќе од 2.500 луѓе, на ред е Скопје. Смеењето до солзи е закажано за 28 ноември во Домот на Арм со почеток во 20.00 часот. 

„Гарантирам дека публиката ќе се смее на секои 25 секунди. Во Скопје ќе настапам со најдоброто од мене, сè што сум работел во последниве 4 години собрано во 75 минутен материјал. За да биде поинтересно ќе има и гости кои ќе ми помогнат заедно да ја расположиме публиката“, изјави Бојан по повод стенд-ап настанот кој ќе се одржи во сабота.

Билетите се по цена од 200 денари и може да се набават во Југотон и Розе Веро 2, како и онлајн преку „Купи карти за сè“.

Во 2016 година турнејата продолжува и низ останатите градови во Македонија.



Врати се горе ↑